Return to Flow: Парите, целта и припадноста
Седумдневен ретрит: 24-30 јуни, 2027. Палерос, Грција
„Return to Flow: парите, целта и припадноста“ е седумдневен ретрит во организација на Марина Анчевска и Лаура Дејгерс со основна цел да го истражиме она што сакаме да се придвижи: во нашиот однос со парите, кон сопствената животна цел и кон местото што секој од нас го има во сопствениот живот.
Парите се ретко „само“ пари. Начинот на кој ги привлекуваме, примаме, задржуваме или губиме често е поврзан со многу подлабоки обрасци како: љубовта, припадноста, лојалноста, сигурноста и нашето место во системите на кои им припаѓаме.
Од системска перспектива, парите не се разгледуваат изолирано, туку како дел од пошироката мрежа на односи и динамики што влијаат врз нашиот живот. Понекогаш, и покрај знаењето, вложениот труд и јасно поставените цели, се чини дека нешто го попречува движењето напред. Работиме, создаваме можности, преземаме одговорност, но сепак се соочуваме со повторливи застои.
Преку системското мапирање и констелацискиот пристап можеме да ги истражиме овие динамики од поинаква перспектива. Да забележиме каде енергијата е задржана, каде постои нерамнотежа и кои односи или обрасци можеби бараат поинакво разбирање.