КОУЧИНГ АКАДЕМИЈА
Заедно со мојот тим и соработници, со особена гордост ви ја претставувам
првата меѓународно акредитирана академија во регионот,
основана во 2022 година.
Академијата за системски коучинг е создадена со јасна мисија —
да го продлабочи знаењето, разбирањето и практиката на коучингот
преку системски пристап, кој овозможува подлабока свесност,
личен развој и професионална извонредност.
Ова е место каде што учењето, искуството и трансформацијата
се спојуваат во еден жив и инспиративен процес, насочен кон
создавање значајни промени кај поединецот, тимовите и заедницата.
Ве покануваме да ни се придружите во нашите активности и заедно да создадеме свет во кој сакаме да припаѓаме.